Hyundai со 1000 возила на светското првенство во Бразил

Како официјален автомобилски партнер за светското првенство во Бразил, Hyundai испорача 1.021 возило во Арена де Сао Пауло. Претходно и марката Kia снабди преку 400 возила.

Лимузините, спортските теренци и вановите на Hyundai ќе служат за беспрекорен и комфорен транспорт на службените лица на првенството, на националните тимови, членовите на организацискиот комитет, судиите и медиумските претставници. Во возниот парк влегуваат и 32-та тимски автобуси на националните тимови. Во рамките на кампањата „Бидете тука со Hyundai“ за секој од овие тимски автобуси беше избран соодветен слоган, за што пристигнаа предлози од љубителите на фудбалот од цел свет.

Преку 1.000 возачи се обучени за безбедно возење и запознаени се детално со сите локални патишта. Во логистичката поддршка се опфатени и дилерите од продажната мрежа на Hyundaiво Бразил. Корејците се долгогодишен партнер на FIFA и UEFA, а ангажманот како главен спонзор на турнирите на UEFA трае до 2016 година, односно до 2022 година со UEFA.

Претходна објаваToyota ги одликуваше најдобрите дилери во Европа
Следна објаваDacia продаде 600.000 возила во Франција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here