за

Dacia продаде 600.000 возила во Франција

За помалку од девет години од лансирањето на Logan на францускиот пазар, Dacia достигна продажба од 600.000 возила. Во април Dacia беше и четврта најпродавана марка за Французите.

Од почетокот на продажбата на Dacia Logan во јуни 2005 година, на францускиот пазар досега се пласирани 232.000 примероци од комбилимузината Sandero, 150.000 примероци од теренецот Duster, 100.000 примероци од мултинаменскиот Logan MCV и 57.000 примероци од компактната лимузина Logan.

Во 2013 година романската марка на Renaultсе најде на петтото место на продажба во Франција, а во оваа година се чини дека резултатот ќе биде уште подобар, имајќи ја во предвид априлската продажба, со четвртото место за Dacia. Покрај тоа, Sandero е автомобилот што најмногу го купуваат фирмите во Франција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai со 1000 возила на светското првенство во Бразил

Volvo го претвора идниот XC90 во концертна сала