Honda со нов теренец за јужноамериканскиот пазар

Бразилскиот огранок на Honda објави цртежи од новиот теренец WR-V, кој ќе има премиера на салонот во Бразил во средината на ноември. Компактниот модел е трет во низата теренци со кои Honda поаѓа во освојување на глобалниот пазар, по HR-V и CR-V.

Раководејќи се според барањата на купувачите во Јужна Америка, развојното одделение во бразилскиот огранок на Honda го конципира WR-V како возило што соединува дизајнерски елементи на урбан теренец и практичност во каросерија со големина на компактната класа.

WR-V стои за Winsome Runabout Vehicle или „скитник со неодолив карактер“

Новиот WR-V ќе се продава на пазарот во Бразил и во повеќето земји во Јужна Америка. Малечкиот теренец е трет во низата нови модели, по CR-V и HR-V, со коишто Honda ја проширува својата понуда во сегментот што наидува на растечки интерес и на јужноамериканските пазари.

Honda WR-V ќе биде претставена на салонот на автомобили во Сао Пауло, со почеток на 10-ти ноември. Засега не е планирано моделот да се продава во Европа.

Претходна објаваAston Martin DB5 е прв олдтајмер продаден преку социјални медиуми
Следна објаваHonda е најбрзо растечка марка на европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here