за

Honda ги освојува и облаците

Преку своите автомобили и мотоцикли Honda владее со почвата, а преку вонбродските мотори со водата. Следува освојување и на воздухот, со Honda Jet.

Американската агенција за авијација го издаде првиот официјален сертификат за хомологација на Honda Jet. Со тоа компанијата Honda Aircraft со седиште во американскиот Гринсборо е чекор поблиску до добивање на конечното одобрение и до почетокот на испораката на клиентите. Во компанијата очекуваат дека тоа ќе се случи во првиот квартал од 2015 година.

Како што наведува производителот, Honda Jet е модерен бизнис џет со врвни постигнувања во поглед на моќноста, комфорот и ефикасноста. Тој поседува најпросторна кабина и простор за багаж во својата класа, како и приватно купатило во задниот дел од авионот. Меѓу останатите предности се наведуваат брзината на летање, нивото на бучност и потрошувачката на гориво, со кои Honda Jet ги поставува реперите во својот сегмент. Моторите, на пример, вградени се над крилото, со што се смалува отпорот на воздух. За погон служат два млазни мотора GE Honda HF120 Turbofan.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најголемите моделски погодоци и утки во 2013 година

Користени возила: Каков избор е серијата 3 на BMW (Е46)