Great Wall домаќински на салонот Ауто Кина 2020

great wall haval h6 3rd gen

Салонот на автомобили во Пекинг ќе биде меѓу ретките манифестации од ваков вид што ќе се одржат годинава, во услови на пандемија. Ауто Кина 2020 почнува утре, на 26-ти септември и ќе пречекува посетители и деловни луѓе до 5-ти октомври. Концернот Great Wall Motors ќе биде присутен со своите три водечки марки, Haval, Ora и GWM Pickup.

Great Wall Motors ќе биде присутен со трите најголеми марки во своето портфолио на авто-салонот во Пекинг што почнува во сабота, на 26-ти септември. Под мотото „Интелигенцијата води кон иднината“, настанот ќе се одржува на просторот на новото сајмиште во Тјанжу, Пекинг. Штандот на GWM е со импресивна површина од 1.700 метри квадратни и лоциран е веднаш покрај штандовите Audi и Toyota, во изложбената хала Е3.

Кинескиот концерн, чијшто модели ги познаваме подолго од деценија и на македонскиот пазар (СУВ-моделите од марката Haval, пикапите Steed и градскиот модел Voleex), ќе го искористи големиот салон да го најави преоѓањето во компанија што вложува во напредни технологии во подрачјето на мобилноста. За таа цел, на штандот ќе бидат изложени неколку концептни автомобили, кои остануваат во тајност сé до традиционалното симнување на велот пред публиката во Пекинг.

GWM прв ќе ја вградува новата генерација лидари во модели од сериско производство, тоа ќе овозможи голема предност во автопилотираното возење

Што се однесува до технологиите, сосем е извесно дека Great Wall Motors на салонот ќе го претстави својот лидар, како клучен уред за следното ниво на автопилотирано возење, во коешто возачот може комплетно да ѝ го препушти управувањето на вештачката интелигенција. GWM воедно ќе биде прв производител на автомобили што ќе ја вградува новата генерација лидари во сериски автомобил, конкретно во иден СУВ-модел од премиум марката Wey.

Ауто Кина 2020 е клучен настан во браншата, со улога да придонесе за обновување на регионалната економија по пандемијата. За време на салонот, сакаме да покажеме дека будно ја следиме ситуацијата и се приспособуваме во овој единствен период, вложувајќи големи напори со цел да ги дознаеме потребите на клиентите и работиме посветено да ги надминеме предизвиците“, зијави Тони Сун, заменик генерален директор на GWM international.

Great Wall Haval H6 Толту
Great Wall Haval H6

GWM ќе прикаже модели од марките GWM Pickup и Haval, како и технолошки напреден СУВ-модел со електричен погон. Haval, специјалист за СУВ и трет најголем производител на теренски возила во светот (по Jeep и Land Rover) ќе изложува 10 возила, меѓу кои и примероци од 3-та генерација на H6, нови моделски годишта на F7 и F7x, и секако, знаменосецот во својата понуда H9. Важна премиера се очекува и во P-серијата пикапи.

Haval H6 во меѓувреме беше на тест-возење во нашата редакција, за што објавивме неколкупати на нашите профили на друштвените мрежи. Објавата на тестот следи наскоро.

Претходна објаваЕлектрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (2. дел)
Следна објаваЦвета бизнисот на Little Car Company, производител на Bugatti Baby

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here