Google ќе пушти 150 автономни возила по улиците

Напролет стартува тестирањето на автономните автомобили на Google по јавните патишта. Фирма од Детроит ќе ги произведува електричните возила, деловите пристигаат од цел свет.

Првиот прототип од автомобилот на Google, когошто интернет гигантот го претстави во минатиот мај, беше најгрдото возило на годината, но во исто време и возило што предизвика најмногу внимание. Дотогаш само големите производители на автомобили претставуваа автономни возила. Google сепак направи чекор пред нив. Топчестото возило немаше ниту волан, ниту педали. Претпријатието сега најави дека ќе започне со изработка на 150 примероци од возилото и напролет ќе ги пушти на тестирање по јавните патишта во Калифорнија.

Двоседот со електричен погон ќе се произведува кај специјалистот Rousch во близина на Детроит. Во проектот ќе се користат и многу делови од добавувачите на автомобилската индустрија, како Continental, Bosch или ZF.

Google очекува возилата да достигнат зрелост за најмногу пет години. Во возилата за тестирање ќе бидат вградени системи за привремено управување за возачот, поради законските правила. Според тоа, Google Car сепак ќе има нормален волан и педали во кокпитот. Дизајнот во стил на половина јајце нема да се менува и покрај сите критики. Според креаторите, Google Car мора да изгледа симпатично и пријателски. Можеби Google е во право во тој поглед, затоа што би изгледало непријатно кога на улица би се здогледал огромен црн теренец што вози самостојно.

Автономните автомобили се едно од најважните развојни полиња во иднината. Google покажува отвореност за соработка со производителите на автомобили. Меѓу концерните со коишто се водат преговори се General Motors, Ford, Toyota, Daimler и Volkswagen.

Претходна објаваДетроит Хорор Шоу: Кршот по улиците на автомобилскиот град
Следна објаваДетроит 2015: Испечати ми еден автомобил, молам!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here