Детроит Хорор Шоу: Кршот по улиците на автомобилскиот град

Автомобилската индустрија во моментов прославува на салонот во Детроит. Но, сликата надвор од блескавите хали на салонот изгледа многу поинаку. Автомобили се распаѓаат на секој агол.

Во Детроит постојат паралелни светови. Во штотуку реновираниот центар Кобо, кадешто деновиве се одржува Детроит Мотор Шоу, автомобилите се блескави, а нивните производители се горди на продажните рекорди. Луѓето и машините се сместени на пријатна температура, но надвор владее студ и на многу места низ градот се наоѓаат автомобили што времето ги начнало уште одамна. Повеќето од овие автомобили немаат тркала, а глетката на луксуз и беда се менува од блок во блок.

Голем број куќи се напуштени. Откако кризата го погоди Мотаун, како што Детроит се нарекува поради концентрацијата на американските автомобилски гиганти, огромен број жители си заминаа од градот поради невработеност и оставија зад себе објекти што полека се претвораат во урнатини. Единствено во центарот на градот постои поголема раздвиженост. Надвор од „даунтаунот“ буквално нема мртва душа. Затоа и на фотографиите не се забележуваат луѓе.

Претходна објаваSsangyong Tivoli ќе има премиера на салонот во Женева
Следна објаваGoogle ќе пушти 150 автономни возила по улиците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here