Околу гумите со ознака UHP, кусо од Ultra High Performance, постои убедување дека тоа се врвни спортски гуми. На тест-патеката на Goodyear во Франција се покажа дека гумите SA-07 од непознатата марка Goodride заостануваат во сите подрачја, иако на нив стои контроверзната ознака.
Секоја гума што носи озната UHP не мора да е гума со UHP-својства. Оваа ознака не е гаранција дека одредена гума постигнува врвни перформанси. На тест-патеката на Goodyear во Миревал, Франција, се соочија два модела на гуми на Goodyear – Asymmetric 5 и SuperSport – против Goodride SA-07, сите со димензија 235/35 R19.
Кинеската гума покажа големи слабости првенствено при сопирањето на влажна подлога од 80 km/h. Тест-возилото Hyundai i30 N со Goodride запра по 43,1 метри, додека гумите на познатиот Goodyear постигнаа 33,1 метри (SuperSport) и 33,5 метри (Asymmetric 5). На местото каде што веќе има запрено со гумите Goodyear, тест-автомобилот јури со 39 километри на час во случај кога се монтирани гуми Goodride.
Кинеските „UHP“ гуми запираат пет метри подоцна и на сува подлога
Перформансите не се подобри и на сув пат. Кинеските гуми запираат по 40,3 метри, Asymmetric 5 по 35,4 метри, а SuperSport по 33,1 метри. Истото се случува и со страничната стабилност при возење во круг на влажна патека. Разликатга е помала единствено во брзината за појава на аквапланинг: Goodride (со профил 8 mm) запливувaaт при 75,4 km/h, Asymmetric 5 при брзина од 79,1 km/h, додека SuperSport се незначително послаби со 75,1 km/h.
На спортските возачи секако им е важна и управливоста. За слалом долг 260 метри, на тест возилото со гуми Goodride му беше потребна 1,4 секунда подолго отколку со Goodyear Asymmetric 5 (16,4 s). Своето име го оправдаа гумите Supersport, со 15,3 секунди.
Резултатите од тестот покажуваат дека при изборот на спортски гуми треба да се внимава и на возните својства на влажен пат, кадешто добрите гуми не дозволуваат ризик.
















