Филмот за Лего мина одлично, сега е редот и Плејмобил да го повтори успехот на големото филмско платно. Филмот со популарните играчки веќе се прикажува. Важна улога во него има и електричниот Porsche Mission E.
Комплетот играчки што Плејмобил го изработи во соработка со Porsche беше само најава. Електричниот автомобил на спортската марка од Цуфенхаусен сега има улога и во филмот што е посветен на играчките од оваа позната куќа. Фигурата на тајниот агент Рекс Дашер вози Porsche Mission E во анимираниот филм. Концептниот автомобил е основа за првиот електричен модел на Porsche, чијашто премиера е најавена за септември.
Дејствието на „Плејмобил – Филмот“ е околу девојчето Марла, коe мора да го врати малечкиот брат Чарли, по неговото исчезнување во универзумот на Плејмобил. Таа по пат го запознава Рекс Дашер, со неговиот Porsche Mission E, кој располага со необични функции.
Филмот на 10-ти и 11-ти август ќе се прикажува и во музејот на Porsche, со можност да се добие автограм од маскотите на Рекс Дашер и Том Тарга.
















