за

Новиот Peugeot 208 стартува од 15.500 евра во Франција

peugeot 208 nov
peugeot 208 nov

Францускиот производител ги објави цените за новата генерација на Peugeot 208. Понудата почнува со изведбата со трицилиндарски бензинец со 75 КС и со ниво на опрема Like, со цена од 15.500 евра. Електричниот модел со француската субвенција од 6.000 евра чини 32.100 евра. Дизел засега само еден, BlueHDi со 100 КС и цена од 18.000 евра.

Дуелот на гигантите во класата на градските автомобили продолжува во новата генерација. Renault Clio веќе стартуваше, сега е ред на Peugeot 208. Неговиот ценовен дијапазон: Од 15.500 евра за изведбата Puretech 75 со ниво на опрема Like, до 37.500 евра за e-208 со топ нивото GT, коешто е ексклузивно за електричната изведба.

Во основниот модел работи познатиот 1,2-литарски трицилинцарец со моќност од 75 КС, стандардно со систем старт-стоп и мануелен петстепен менувач. Во основното ниво Like, оваа варијанта чини 15.500 евра и стандардно поседува систем за следење лента и замор на возачот, самостојно запирање при опасност од судир, темпомат, i-Cockpit, мануелен клима уред, електрика на предни прозорци, мануелно местење на ретровизори, централна брава со далечинско, висинско местење на возачко седиште и радио со дисплеј од 5 инчи.

Единствениот дизел достапен во новиот Peugeot 208 е 1,5-литарски BlueHDi со 100 КС и цена од 18.000 евра

Основното ниво на опрема е достапно само уште за 1,5-литарскиот дизел BlueHDi со 100 КС и цена од 18.000 евра. Понудата од погонски единици ја дополнуваат 1,2-литарскиот Puretech 100 во верзија со шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач, кои се достапни во второто ниво на опрема Active. Нивните цени соодветно: 18.700 евра и 20.400 евра. Најсилна погонска единица во класичната понуда е Puretech 130, како трета изведба на 1,2-литарскиот турбо бензинец, којашто се испорачлува исклучиво со осумстепен автоматик и најмалку со третото ниво на опрема. Цената: 24.000 евра. Сите мотори, со исклучок на изведбата со 75 КС, може да се комбинираат и со нивото на опрема GT Line.

Специјалитетот во понудата секако е електричниот e-208, кој со субвенцијата од 6.000 евра на француските власти, стартува од 32.100 евра во нивото Active. За македонскиот пазар уште нема информации.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

goodyear testovi uhp goodride

Ознаката UHP не е гаранција за гуми со врвни перформанси

Nissan LEAF 2020 Латинска Америка

Nissan Leaf почна да се продава и во Латинска Америка