Сервисниот повик за електричните автомобили на General Motors, поради опасностa од пожар, остави последици врз имиџот на американскиот производител на автомобили. За поправката на финансиската штета ќе се погрижи LG, производител на батериите што предизвикаа пожар во елeктричните возила на GM.
Американскиот производител General Motors се спогоди со корејскиот електро-концерн LG околу надминувањето на проблемите што настанаа поради испорачаните батерии. LG ќе плати отштета во висина од неколку милијарди долари.
Корејците ќе ги надоместат трошоците за сервисниот повик за автомобилите за коишто постои опасност од пожар. Конкретно станува збор за електричниот компакт Chevrolet Bolt EV и за неговата СУВ-изведба Болт EUV. Батериите испорачани од LG биле произведени со грешка.
Во третиот квартал, General Motors пријави непланиран трошок во висина од 1,9 милијарда американски долари (1,6 милијарда евра). Овој трошок ќе се покрие со двете милијарди долари што LG ќе ги плати како отштета. Веста веднаш доведе до зголемување на вредноста на акциите во General Motors за еден процент.
Во минатиот месец повторно се запали електричен автомобил на Chevrolet во САД. Производителот повеќепати издаде сервисни повици за Bolt EV, но очигледно е дека не успева да најде решение за проблемот.
LG has agreed to reimburse GM up to $1.9 billion to recall and fix Chevrolet Bolt EVs due to fire risks caused by faulty batteries. https://t.co/0SW1W13Vkb
— CNBC (@CNBC) October 12, 2021
Во август, американскиот концерн соопшти дека дебаклот со пожарите на електричните автомобили ќе предизвика дополнителни трошоци и дека сите произведени електрични возила Bolt EV ќе бидат опфатени во сервисниот повик, вклучувајќи ги и најновите годишта на моделот. Станува збор за околу 142.000 автомобили, од коишто најголемиот дел е продаден во САД, додека останатите возила се испорачани во Канада.
Агенцијата за безбедност на патиштата повеќепати ги предупреди сопствениците на Chevrolet Bolt EV да не ги паркираат автомобилите во гаражи или во близина на домови, поради опасност од запалување на батеријата. Возачите исто така треба да внимават да паркираат подалеку од останатите возила. Првиот сервисен повик датира од ноември 2020 година. Тогаш во сервисниот повик беше опфатена и Opel Ampera-e, којашто е идентичен сестрински модел со Chevrolet.
















