за

Место музејска посета: Историјата на Audi комплетно онлајн

Дигитализацијата е новата голема занимација на производителите на автомобили, Audi како техно-предводник загризува добро и прави приказната за марката да биде достапна најшироко.

AudiStream е посебен „модел“ на Баварците од Инголштат. Станува збор за онлајн водење низ тековните теми и низ историјата на марката Audi, коешто е изведено вешто и претставува вредно доживување.

Audi ги поканува љубителите на марката, на германската автомобилска индустрија, на целата бранша воопшто, сите што сакаат да дознаат нешто ново, да ја запознаат историјата на производство на автомобили во Audi што е подолга од 120 години – комплетно онлајн.

AudiStream почнува нова сезона, којашто овојпат се однесува на историјата на марката и соодветно се води под насловот „Audi Tradition“. Главна атракција е историскиот филмски материјал што ја документира историјата на Audi. Посебноста е во тоа што при онлајн-посетата се добива помош во живо од водич и може да се поставуваат прашања, што веднаш ќе бидат одговорени.

Настанот во живо „Audi Tradition“ пренесува моменти од почетоците до тековното производство со најсовремена технологија, секако и од мотоспортот, со победите на рели-патеките во 1980-те и на кружните патеки. Виртуелното патување низ времето го дополнуваат детали за техничките иновации на Audi, на пример за погонот quattro.

Интерактивното доживување е достапно преку компјутер или телефон. Искусни водичи се наоѓаат во студио и одговараат на сите прашања околу настанот што трае околу 20 минути. На посебниот вебсајт https://www.audi.stream/ може да се дознае за датумите и часот на одржување на стримингот во живо. Присуството е бесплатно.

Повеќе од 20.000 лица досега ги следеле стриминзите во живо, што меѓу другото опфаќаат посета во реално време на фабриките во Некарсулм и Инголштат, како и запознавање со дизајнот на Audi. Баварците најавуваат дека наскоро ќе понудат и посета на фабриката во Брисел, каде што се произведуваат електричните возила со четирите прстени.

>>> Audi дава одговори: Што откако ќе мине употребниот век на батеријата?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors ќе добие милијарди отштета од LG поради пожарите

Maybach во салонот на Мак Аутостар има 141 ставка опрема