за

Giulia им кажа догледање на Maserati Ghibli и Quattroporte

Пристигањето на новата Giulia не е добра вест за секого. За менаџерите на Maserati, секако. Погоните на марката со тризабецот ќе мируваат една недела во ноември. Купувачите ќе ја чекаат Alfa.

Стратезите на италијанскиот Fiat се чини дека повторно се препуштиле на забавата предвреме. Планот новата генерација на Giulia да ја користи платформата од благородникот Maserati Ghibli беше одличен, за Alfa Romeo. Но, одличната реакција на публиката за новата надеж од Милано станува проблем за „оригиналот“ на Maserati. Купувачите ќе ја чекаат новата Giulia, марката со тризабецот повеќе не им се допаѓа. Или поточно, зошто да плаќаат многу повеќе за имиџот на Maserati, кога можат истото да го добијат за помалку мари во Alfa Romeo.

Фактот дека Giulietta ја поседува техниката од Ghibli ги наведува купувачите да се откажат од Maserati и да добијат Alfa за поевтино
Фактот дека Giulietta ја поседува техниката од Ghibli ги наведува купувачите да се откажат од Maserati и да добијат Alfa за поевтино

Погоните во фабриката на Maserati во Груљаско ќе мируваат една седмица во текот на ноември, заради намалената продажба на Ghibli и Quattroporte. Кинескиот пазар повеќе не е толку многу загреан за скапите италијански лимузини, но има и други показатели што на експертите им укажуваат дека Maserati до крајот на годинава би продал вкупно 28.000 возила. Тоа е значителен пад во споредба со минатата година, кога марката ги уриваше сопствените рекорди со 35.000 продадени возила. Според аналитичарите, продукцијата во следните години никогаш повеќе нема да го достигне високото ниво од лани.

Еден од причинителите е Giulia. Менаџерите на матичниот концерн Fiat Chrysler не предвидоа дека кога марка со кревок имиџ ќе се потпира на друга марка со кревок имиџ, или обете ќе пропаднат, или само едната. Во случајов, Alfa Romeo е марката што ќе профитира, иако уште не се знае како купувачите ќе реагираат на послабите и понормални изведби на Giulia, далеку поприземни од Quadrifoglio Verde со 500 КС и мотор со корени од осумцилиндарските уметнички дела на Ferrari.

Поголемиот дел од работниците во Груљаско се префрлија во Мирафиори, како помош во производството на кросоверот Maserati Levante. Марката од Милано, инаку, исто така најавува кросовер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M4 GTS: Со половина кило коњски сили под хауба

Јапонците влегуваат во иднината: Напролет стартува роботизирано такси