за

Јапонците влегуваат во иднината: Напролет стартува роботизирано такси

Јапонско претпријатие напролет ќе стартува со автоматско такси. Доколку почетокот мине успешно, планот е безвозачкото такси да биде понудено како редовна услуга за Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Компјутерската индустрија и производителите на автомобили имаат големи очекувања од воведувањето на вештачката интелигенција на местото на возачот. Гигантите Apple и Google веќе со години ги најавуваат автономните возила и ја тестираат технологијата на огромни полигони за тестирање, но веќе и во редовен сообраќај. Паралелно со нив, на технологијата работат и водечките производители на автомобили, за да не бидат затечени во бизнисот што веруваа дека им припаѓа само нив. Многу ветувачки обиди се направени, но досега никој не понудил, возило што управува самостојно, да биде достапно за јавноста. Фирма од Токио од следната пролет ќе го промени тоа.

Услугата на автоматско такси сепак нема да биде достапна за широката јавност, туку само за 50 тест-клиенти во Фуџисава. Ограничувања постојат и во поглед на достапните релации. Овие клиенти ќе можат да го повикаат и користат таксито без возач само за превоз до супермаркетите што се на оддалеченост од најмногу 3 километри од локацијата на корисникот. Доколку проектот успее, роботизираното такси ќе биде понудено како редовна услуга најдоцна до почетокот на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Цела на автономното возење е зголемување на безбедноста во возење

Актуелната сообраќајна статистика го оправдува воведувањето на роботизираното такси. Постојано се зголемува бројот на незгоди со кобни последици предизвикани од таканаречените сребрени возачи. Станува збор за возачи на возраст над 74 години. Но, автомобилот е од голема помош токму за оваа возрасна група, особено при набавките за домаќинството и при секојдневните обврски. За само неколку години, роботизираното такси може да стане евтина алтернатива на обичното такси и да обезбеди мобилност за општеството што постојано старее, како во Јапонија, така и во другите модерни земји.

Заради безбедност, клиентот ќе мора во возилото да се смести на возачкото седиште и во случај на опасност ќе може сам да ја преземе контролата од електрониката. Од компанијата планираат наскоро да изведат експеримент за можноста автоматското такси да се користи за спасување во случај на природна катастрофа.

https://youtu.be/pGEomEOPVKc

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Giulia им кажа догледање на Maserati Ghibli и Quattroporte

Изведба „М“ како награда за продажниот успех на BMW X4