И кинески ГАЦ бара фабрика во Европа за да произведува локално

ГАЦ ги прикажа електричните Аион В и Аион УТ како најава за својот настап на салонот во Париз. Тоа се првите два модели што кинескиот производител ќе ги продава во Франција.

Автомобилската групација Гуангџоу бара слободни производствени погони во Европа, за да го засили помасовниот пробив со своите автомобили на европскиот пазар, каков што е францускиот, изјави заменик извршниот директор на ГАЦ Франција, Седрик Лакур.

Партнерот на кинескиот производител на автомобили, Магна, веќе има започнато со производство на возила за пазарите во Европа. ГАЦ ја прошири продажбата во Финска, Грција, Полска, Попртугалија, Шпанија и Обединетото Кралство.

„Во моментов сме во потрага по производствен капацитет во Европа, како со Магна, така и со други инвеститори,“ изјави Лакур за Ројтерс, за време на настанот во Париз, на којшто ГАЦ ги прикажа своите електрични модели, компактните Аион УТ и Аион В, своите први два модели што ќе ги продава во Франција.

„Навистина сакаме да изградиме долготрајно присуство тука (во Европа), што укажува дека ни се потребни и производствени капацитети,“ изјави менаџерот.

ГАЦ планира да пушти во продажба 12 електрични и хибридни модели во Франција до 2030 година, напомена Лакур на презентацијата. Тој додаде дека производителот планира годинава да работи со 50 дилерства во Франција, коишто ќе се зголемат на 200 до 2030 година.

„Нашата цел е да постигнеме силен раст за само четири години, почнувајќи од самото лансирање,“ кажа Лакур.

На прашањето дали ГАЦ, основан во 1997 година, доцни и заостанува зад некои соперници со доаѓањето во Европа, Лакур оцени дека марката „влегува на пазарот токму во вистинско време.“

Во јули и во август, електричните автомобили достигнаа рекордни 35 проценти, односно 38 проценти, од вкупната продажба на автомобили во Франција, поттикнато од високите цени поради војната во Иран.

Претходна објаваМасерати преоѓа на кинеска техника и ќе се произведува таму

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here