Нисан го заменува Џук со хибриден Кикс, се бори против Кинезите

Моторот во хибридниот погон е-Пауер на Кикс не ги задвижува тркалата, туку служи како генератор за електромоторот, за да се добие чувство на ЕВ, порачува Нисан.

Со замената на познатиот модел Нисан Џук со Кикс, јапонскиот производител ќе ги скуси трошоците и ќе стане поконкурентен кон кинеските соперници на пазарот во Европа.

Кикс ќе се произведува во фабриката на Нисан во Сандерленд, Англија, каде што ќе се вложат 170 милиони фунти, соопшти компанијата.

Нисан не објави кога точно би започнало производството, единствено е познато дека моделот ќе започне со продажба во 2027 година.

Кикс ќе ѝ конкурира на Тојота Јарис Крос, којашто е најпродаван СУВ од градската класа со хибриден погон во Европа. Втор најпродаван хибриден модел во сегментот е кинескиот МГ ЗС, пред изведбите на Рено Каптур и Дачиа Дастер со хибриден погон.

Кикс е СУВ-модел што Нисан го продава ширум светот. Европскиот модел ќе биде изработен врз основа на тековниот Кикс од втората генерација, што почна да се продава во Бразил во 2025 година, со бензински мотори.

„Тој е финансиски поевтин за производство“ во споредба со Џук, кажа шефот на Нисан за Европа, Макс Месина. „Мора да останеме фокусирани точно во производство на автомобили што ѝ носат профит на компанијата.“

Тековниот Џук пристигна на пазарот во 2019 година, со мотори со внатрешно согорување. Хибридниот модел се појави во 2022 година, со технологија на Рено. Името Џук понатаму ќе се користи за поголем СУВ со електричен погон, што Нисан ќе почне да го произведува во Сандерленд во 2027 година.

Нисан се потпира на е-Пауер

Нисан цени дека технологијата е-Пауер е силен адут против конкуренцијата. Моторот тука не ја испорачува силата кон тркалата, туку служи како генератор што ја испорачува енергијата кон електромоторот, и тоа според Нисан влева чувство како да се вози електричен автомобил.

„Ние го гледаме хибридот е-Пауер како еден од најконкурентните и најнапредни технологии од традиционалните производители,“ кажува Месина. Оваа погонска технологија на Нисан веќе се користи во компактниот СУВ-модел Кашкај и во поголемиот СУВ-модел Икс-Трејл.

Продажбата на Џук во Европа опадна за 29 проценти во јули, со близу 42.000 возила.

Кикс со 4,37 метри е подолг од Џук, со неговите 4,21 метри. Нисан со тоа ќе им конкурира на поголемите и подостапни СУВ-модели, меѓу кои и Дастер.

Изгледот на Кикс не е толку разигран како на Џук, којшто е дизајниран посебно за Европа.

Со производството на Кикс во Сандерленд се обезбедува и иднината на фабриката. Нисан неодамна го запре производството на една од двете монтажни ленти во фабриката и потпиша необврзувачко писмо на разбирање со кинески Чери, за тие да ја преземат запрената лента.

Месина посочи дека уште не е потпишан договор со Чери. „Чекаме Чери да ги пресмета количините,“ кажа тој.

Доколку не се постигне зделка со чери, Нисан има и други решенија, кажа Месина. „Има голема заинтересираност за Сандерлент. Тоа е веројатно најдобрата фабрика што ја имаме во светот.“

Претходна објаваИ кинески ГАЦ бара фабрика во Европа за да произведува локално
Следна објаваМерцедес-Бенц избран за премиум автомобил на 2027 година од германските новинари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here