Ford ќе произведува модел на база на Fiesta во Русија

Татарстан ќе добие инвестиција од 150 милиони долари за модернизирање на фабрика во којашто наскоро ќе започне производство на Fiesta за рускиот пазар.

Среде војната со санкции меѓу Русија и Западот, марката Ford денес објави дека наскоро ќе стартува со производство на нов модел на Fiesta наменет за рускиот пазар. За таа цел ќе се модернизира фабрика во Татарстан, со инвестиција вредна 150 милиони долари. Првите возила ќе излезат од производствената лента веќе в година, а планирана е годишна продукција од 115.000 возила. Наесен ќе стартува и продажбата на кросоверот EcoSport, произведен во Русија.

Како реакција на западните санкции во конфликтот со Украина, Русија во почетокот на август воведе забрана за увоз на прехранбени производи од ЕУ и од САД. Според пишувањата на медиумите, Русија планира наскоро да воведе и забрана за увоз на автомобили од Западот.

Претходна објаваVolkswagen во предност пред Toyota за светски број 1
Следна објаваJaguar XE ќе ја престигнува конкуренцијата и со мобилните телефони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here