Volkswagen во предност пред Toyota за светски број 1

Постојат големи изгледи Volkswagen да ја престигне Toyota како светски број 1 до крајот на годината

Германската марка моментно забележува најголем раст во продажбата меѓу водечките три марки во светот и можно е веќе во оваа година да го преземе првото место од Toyota.

Во борбата за најголем производител на светот, Volkswagen постигнува најголем раст во продажбата. Според деловните биланси и продажните бројки од првото полугодие од 2014, гигантот од Волфсбург е на првото место со 5,11 милиони патнички и лесни товарни возила, пред Toyota (5,02) и General Motors (4,92). Доколку сегашната динамика продолжи до крајот на годината, Volkswagen за прв пат во историјата може да се искачи на првото место на најголемите производители на автомобили во светот, со 10,1 милиони возила, пред Toyota со 10,05 милиони и General Motors со 10,0 милиони возила.

Најголемиот раст во продажбата се постигнува на пазарите во САД, Европа, а особено на кинескиот пазар. Во првото полугодие, Volkswagen постигна плус од натпросечни 17,5 проценти на најголемиот пазар на автомобили во светот, многу повеќе од Toyota и GM. Околу 35 проценти од глобалната продажба на Volkswagen моментно одат во Кина. Volkswagen профитира и од лидерството на заздравениот европски пазар, со што се компензира минусот од 6,2% во САД.

За споредба, конкурентот GM губи од повлекувањето на Chevrolet од Европа, што само делумно се компензира со растот во продажбата на Opel, додека Toyota трпи силен удар од априлското зголемување на ДДВ од пет на осум проценти на важниот домашен пазар. Затоа, пак, Toyota има поголем раст во продажбата во САД, од 5,12 проценти, што е над просекот. GM на домашниот пазар во првата половина од 2014 забележа раст од само 2,5 проценти. Од 16-те најголеми производители на автомобили во светот, јапонските марки постигнуваат најголем раст. Предводат Nissan(12,5%) и Subaru (9,8%), но и европските марки не заостануваат: Daimler (+8,9%), VW (7,1%), BMW (6,9%).

Претходна објаваFerrari F80: Наследникот на LaFerrari според дизајнерот Адриано Раели
Следна објаваFord ќе произведува модел на база на Fiesta во Русија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here