Ford стартуваше со производство на лимузинска Fiesta во Татарстан

Во соработка со локална компанија, Ford денес го започна производството на Fiesta во верзии со четири и со пет врати во модернизираната фабрика во Набережње Челни, во Република Татарстан.

Првата Fiesta од руска продукција денес се симна од производствените линии во фабриката на Ford во Нарережње Челни, во присуство на Рустам Миниканов, претседател на Република Татарстан. Новата Fiesta ќе биде најевтин модел на Ford на рускиот пазар, достапна во четири нивоа на опрема, вклучувајќи го и највисокото Titanium. Бензинскиот мотор од 1,6-литар се нуди во три степени на моќност, од 85, 105 и 120 КС, со петстепен мануелен или 6-степен автоматски менувач.

Лимузинска изведба на Fiesta се продава и на бразилскиот пазар
Лимузинска изведба на Fiesta се продава и на бразилскиот пазар

Fiesta е втор модел на светската марка од фабриката којашто е заедничка инвестиција на Ford и локалната компанија Sollers, откако кон крајот на минатата година таму стартуваше производството на малечкиот кросовер EcoSport. Повеќе од сто компоненти од возилата пристигаат од локалните добавувачи, а од следната година руската Fiesta ќе добие и мотори од локална продукција од фабриката во Елабуга.

Рускиот модел е посебно тестиран и приспособен за тамошните услови на експлоатација и возачки навики, вклучувајќи меѓу другото зголемено растојание од подлогата, мотор калибриран да работи со 92-октански бензин, како и повеќе детали што се способни да ги издржат екстремните студови.

Fiesta се произведува заедно со малечкиот кросовер EcoSport
Fiesta се произведува заедно со малечкиот кросовер EcoSport

Претходна објаваОва комбе е подобро и од Mercedes од 600.000 евра
Следна објаваНова генерација на BMW X1: Второ од првиот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here