за

Нова генерација на BMW X1: Второ од првиот

7. BMW X1, продадени примероци 22,392 (-32.2%)

Баварците постигнаа вистински хет-трик кога го претставија BMW X1, прв и единствен кросовер во сегментот. Mercedes GLA и Audi Q3 тогаш не беа ниту во план. Сега пристига втората генерација на моделот.

Втората генерација на моделот којшто се продаде во преку 730.000 примероци на глобалниот пазар пристига без посебни изненадувања во изгледот. Да беше поинаку веќе би било изненадување. Кабината сега нуди повеќе простор, багажникот е поголем и поприспособлив, чувството во кокпитот веќе доликува на модел од премиум марка, а по вежбата на инженерите со вановите од серијата 2, подобрени се и приспособливоста и функционалноста на целата кабина.

Само четирицилиндарски мотори на стартот

Под хаубата работат четирицилиндарци од последната генерација мотори, погонот на сите тркала е оптимиран во насока на намалување на влијанието врз потрошувачката на гориво, подвојзето е дотерано да понуди уште подобар спој на спортска динамика и лимузински комфор, и тоа што не е толку неважно, потрошувачката во некои модели е намалена за 17 проценти во споредба со претходниците.

Повеќе простор во кабината и во багажникот, поквалитетна изработка, поголема динамика и нови системи за асистенција. Новата генерација е подготвена да ја презеде превласта меѓу компактните кросовери од премиум марките
Повеќе простор во кабината и во багажникот, поквалитетна изработка, поголема динамика и нови системи за асистенција. Новата генерација е подготвена да ја презеде превласта меѓу компактните кросовери од премиум марките

Новиот BMW X1 се извиши за 53 милиметри, заради постигнување повеќе простор во кабината, за што придонесува и качувањето на седиштата за 36 милиметри напред и 64 милиметри назад. Повеќе простор за колената ќе добијат и патниците на задната клупа, за точно 37 милиметри, односно 66 милиметри доколку се доплати за лизгачка задна клупа. Со 505 литри, багажникот нуди дури 85 литри повеќе од порано, а со соборување на клупата може да се постигнат максимални 1.550 литри. Задната клупа се мести и по агол, а со доплата може да се собори и совозачкото седиште заради превоз на долги предмети.

Компактниот кросовер е стандардн опремен со клима уред, радио со USB, систем за централно ракување iDrive со дисплеј од 6,5 инчи врз средишната конзола. Слично како кај останатите понови моделски серии, покрај основната изведба се достапни нивоа Advantage, Sport Line, xLine и M Sport.

Основата на кросоверот е идентична со вановите Active и Gran Tourer

На стартот на продажбата во октомври ќе стојат на располагање два бензинци и три дизели, во дијапазон од 150 до 231 КС, сите комбинирани со шестстепен мануелен менувач, односно со опција за осумстепен Steptronic, коишто исто така се целосно преработени. Намалувањето на потрошувачката на гориво влијаело во голема мера врз развојот на погонот на сите тркала xDrive. Ламеластата спојка којашто е регуилирана преку електрохидраулика за миг ја приспособува распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски според условите на патот и желбите на возачот. Подвозјето на BMW X1 sDrive20i и BMW X1 sDrive18d во основа е идентично со вановите Active Tourer и Gran Tourer од серијата 2, со преден погон.

Новитет во понудата на ConnectedDrive е проекцискиот дисплеј сличен на поголемите модели од семејството X, додека системите за асистенција се збогатени со активен темпомат што самостојно го запира и забрзува возилото во застој на патот. Повеќе детали околу техниката и цените наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford стартуваше со производство на лимузинска Fiesta во Татарстан

На Renault и Nissan не им требаат нови партнери