за

На Renault и Nissan не им требаат нови партнери

Алијансата меѓу францускиот и јапонскиот производител постигнува големи заштеди преку заедничкото користење на техниката и во подолг рок нема намери да приклучи нови партнери.

Лани Renault и Nissan заштедиле преку 3 милијарди евра преку заедничкото учество во финансирањето на развој на нови возила и технологија, наспроти 2,8 милијарди во годината пред тоа, објави шефот на алијансата Карлос Гон. Целта е францускиот и јапонскиот гигант заеднички да заштедат 4,6 милијарди евра во следната година. На тој начин, Renault и Nissan можат да останат независни, без неопходност од приклучување нови партнери во синџирот на соработка.

Nissan: Од тотален крах до светски гигант

Французите го спасија Nissan во 1999 година, преземајќи 43,4 проценти од акциите, а за возврат Јапонците добија право да учествуваат со 15 проценти во акциите на Renault. Во моментов Nissan постигнува поголема продажба од Renault, постигнувајќи две третини од вкупната продажба од 8 милиони возила на алијансата. Во меѓувреме започна индустриска соработка со Daimler и Mitsubishi, со 13 заеднички проекти во моментов со Германците, вклучувајќи ги Smart Forfour/Renault Twingo или Mercedes Citan/Renault Kangoo.

Карлос Гон најави дека наскоро ќе следи верзија од „индискиот“ Renault Kwid со знакот на Datsun, веројатно само за рускиот пазар, додека посебна верзија ќе биде изработена за пазарите во Африка и Јужна Америка. Dacia уште не се спомнува
Карлос Гон најави дека наскоро ќе следи верзија од „индискиот“ Renault Kwid со знакот на Datsun, веројатно само за рускиот пазар, додека посебна верзија ќе биде изработена за пазарите во Африка и Јужна Америка. Dacia уште не се спомнува

Гон излегува со изјавата откако првиот човек на Fiat, Серџо Маркијоне, ги „провоцираше“ конкурентите со тврдењето дека браншата има итна потреба од натамошна консолидација, односно натамошно окрупнување на субјектите на пазарот, под притисок на огромните трошоци за развој на технологија што ќе ги исполни строгите норми за издувни гасови. Во таа насока Гон возврати на провокациите: „Не морам да ги надминувам границите на мојата работа, за да бидам конкурентен. Разбирам кога некои други мораат да го прават тоа.“

Renault Kwid е основа за идните евтини модели од останатите марки

Renault во моментов го лансира Kwid на индискиот пазар, кадешто моделот се продава по цена од 4.000 евра. Шефот потврди дека в година ќе биде претставен нов модел на Datsun, којшто ќе ја користи основата од Renault Kwid, задржувајќи ја секако и ценовната рамка. Врз база на Kwid ќе бидат изработени и моделски верзии за пазарите во Африка и Јужна Америка. Моделот на Dacia што ќе произлезе уште не се спомнува, но мошне е веројатно тој да биде претставен веќе на салонот во Франкфурт во септември. Kwid е прв модел базиран на новата платформа CMF-A на Renault-Nissan, за модели од сегментот А. Идните модели на оваа платформа ќе се произведуваат локално за пазарите во Африка или Јужна Америка, односно нема да се извезуваат од индиската фабрика.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова генерација на BMW X1: Второ од првиот

Донкерволке замина, Штефан Зилаф е новиот главен дизајнер на Bentley