Ford со нова понуда за финансирање за комерцијални возила

Ми-Да Гранд Моторс понуди поволни можности за деловните клиенти за обновување на возниот парк преку финансирање на купувањето и покривање на сервисните трошоци во периодот на отплата.

Фирмата Ми-Да Гранд Моторс понуди можност сите правни субјекти да го обноват возниот парк со комерцијални возила од моделската програма на Ford по најповолни услови на финансирање и комплетно покриени трошоци за сервисирање и одржување во периодот на отплата. „По долгогодишнo искуство во работата и темелна анализа на пазарот успеавме да создадеме конкретна понуда, скроена според потребите на бизнисите во Македонија“, изјави директорката за флотна продажба, Татјана Перишиќ.

Новата комерцијална програма на Ford нуди голем избор на габарити и носивост поткрепени со нова генерација на економични дизел агрегати. Палетата содржи технолошки иновации кои за првпат во светот се имплементирани кај комерцијалните возила од овој тип и кои придонесоа за големиот број награди и признанија во светски рамки. Понудата се однесува за комерцијалната програма каде преку финансиски лизинг возилата се отплаќаат на 24 фиксни рати со 8% каматна стапка, со 0% учество и 0% трошоци за обработка. Дополнителниот бенефит за клиентите, покрај двегодишната гаранција и 24 часовната поддршка на пат низ цела Европа, се и покриените сервисни трошоци од кој било тип во времетраење на финансирањето. Ова им овозможува на препријатијата да избегнат какви било дополнителни трошоци за возилата во времетраење на отплатата.

„Целта преку овој метод на финансирање е на клиентите да им овозможиме да ја започнат отплатата користејќи средства веќе генерирани со помош на самите возила, додека единствените трошоци што би ги имале сопствениците би биле за гориво и пневматици”, додава Перишиќ. Понудата важи до крајот на 2014 година и го претставува новиот пристап на Ford кон комерцијалната програма, овозможувајќи флексибилност и низа други варијанти на финансирање според потребите на клиентите.

Претходна објаваПариз 2014: Светска премиера за Hyundai i20
Следна објаваПариз 2014: Renault Eolab со потрошувачка од еден литар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here