за

Париз 2014: Светска премиера за Hyundai i20

Новата генерација на Hyundai i20 пристига кога е најгусто во класата на градските автомобили, заедно со конкурентите Opel Corsa и Skoda Fabia. За толкава самоувереност, i20 мора да има високи вредности.

Во Париз доживеа светска премиера Hyundai i20. Новата генерација на градскиот автомобил на Hyundai е „европска во секој поглед“ – потенцираат од корејската марка. Hyundai i20 е дизајниран и развиван во европскиот центар на марката во Риселсхајм, Германија, а производството се одвива во фабриката во Турција. Според ветувањата на производителот, нoвиот i20 има значително подобрени возни својства и комфор, како и поголема просторна понуда во кабината.

hyundai i20 389107562

Новитет во понудата на погонски единици е 1,4-литарскиот бензинец. Во следната година доаѓа и еднолитарски бензинец со турбонатполнење и три цилиндри, прв од новата генерација на мотори на Hyundai, развиени според принципот на „даунсајзинг“. Во најсилната изведба, овој мотор ќе ослободува моќност од 120 КС и вртежен момент од 172 њутнметри. Продажбата на моделот во Европа стартува во декември.

hyundai i20 389107561

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париз 2014: Audi TT за љубители на свеж воздух

Ford со нова понуда за финансирање за комерцијални возила