Париз 2014: Audi TT за љубители на свеж воздух

Веднаш по премиерата на купето, Audi ја претставува и родстер изведбата на компактниот спортист TT. Платнениот покрив се склопува во форма на Z во преградата изработена од алуминиум, така што тој не одзема простор од багажникот со волумен од 280 литри. Двата електромотори го завршуваат отворањето и затрворањето за десет секунди, до брзина од 50 km/h. Палетата од погонски мотори нуди моќност во дијапазон меѓу 230 и 310 КС. Со покуса каросерија и подолго меѓуоскино растојание во споредба со претходникот, TT Roadster го поседува и виртуелниот кокпит од купето, којшто неодамна беше одликуван како дизајнерска иновација на годината во рамките на „Натпреварот на автомобилските марки“.

Претходна објаваFiat 500X во Париз: Тоа што недостигаше е италијански кросовер
Следна објаваПариз 2014: Светска премиера за Hyundai i20

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here