Париз 2014: Renault Eolab со потрошувачка од еден литар

Renault на домашен терен на салонот во Париз ја претстави технолошката студија Eolab со потрошувачка од само еден литар бензин на сто километри.

Сензационалната потрошувачка од еден литар бензин на сто километри на Eolab се постигнува со лесна конструкција на возилото и врвна аеродинамика со коефициент 0,235, во комбинација со трицилиндарски мотор со 78 КС и електромотор со моќност од 54 КС. Батеријата дозволува досег на возење на струја до 60 километри и крајна брзина ограничена на 120 km/h заради подолго сочувување на акумулираната електрична енергија. Возилото дополнително поседува и активно подвозје, коешто ја спушта каросеријата при повисоки брзини заради намалување на отпорот на воздух, како и низа иновативни системи во насока на оптимирање на економичноста на погонот.

Францускиот производител најави дека дел од стоте иновации во студијата ќе влезат во моделите од сериско производство во следните десет години. За разлика од конкурентот Volkswagen XL1, во Eolab не се користат егзотични и скапи материјали како титан, туку намалувањето на тежината се постигнува со поевтини и подостапни лесни материјали, како алуминиум и магнезиум. Дизајнот на каросеријата и дел од технологијата во Eolab е можно да се применат веќе во следната генерација на Renault Clio.

Претходна објаваFord со нова понуда за финансирање за комерцијални возила
Следна објаваПариз 2014: Citroen во духот на божествениот DS

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here