Ford изрaботува патосници од милијарда шишиња годишно

Ford ги претвора пластичните шишиња во патосници
Ford ги претвора пластичните шишиња во патосници

На Ford не може да му се забележи дека ја запоставува одржливоста на животната средина. Патосот во секој Ford Ecosport се состои од 470 рециклирани пластични шишиња.

Откако започна продажбата на компактниот СУВ во 2012 година, Ford само за овој модел има искористено повеќе од 650 милиони пластични шишиња од половина литар, со вкупна тежина од 8.262 тони. Првата примена на рециклирана пластика кај Ford беше пред повеќе од четвртина век, во Mondeo.

Ford користи повеќе од 1,2 милијарда пластични шишиња годишно за изработка на пластични делови за возила

Денес Ford и останатите производители користат рециклирани материјали во секоја моделска серија. Пластичните шишиња, вклучувајќи ги затките, прво се ситнат, а потоа се топат на 260 степени Целсиусови. Од растопената пластика се извлекуваат влакна дебели колку човечко влакно. Потоа се изработува платно од пластичните конци. Во цела Европа моментно се рециклира само 30% од пластичниот отпад.

Ford GT стартува од првите редови на 24 часа Леман во ГТЕ-класата

Mazda 3 на споредбен тест со Ford Focus и Peugeot 308 во Ауто Билд

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор

Претходна објаваОдносите меѓу Renault и Nissan повторно во мирни води
Следна објаваNissan откри дека младите се за лимузина, но тие не се во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here