за

Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери

Ford четврти пат учествува Gamescom, најголемиот саем за компјутерски игри во Европа. Тимот Fordzilla ќе го има главниот настап на компанијата на дигиталниот настан – гејмерите создадоа и дигитален тркачки автомобил.

Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери
Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери

На 27-ми август, во рамките на вечерното отворање на настанот Gamescom, ќе бидат прогласени победниците на првиот Fordzilla Cup. Главниот настап на Ford на саемот ќе биде претставувањето на тркачкиот автомобил Project P1. Станува збор за прв виртуелен автомобил што е развиен заеднички меѓу играчи и производител на автомобили.

Светска премиера на штандот на Ford во рамките на најголемиот саем за компјутерски игри во Европа, на Gamescom. Првпат преку друштвените мрежи се реализира соработка меѓу дизајнери на автомобилска куќа, во случајов Ford, со гејмерската заедница. Плод на соработката е виртуелниот тркачки автомобил Project P1.

Саемот Gamescom е најголем настан посветен на компјутерските и видеоигрите. Настанот годинава се одржува само во дигитална форма. Онлајн-настаните ќе се одржуваат три денови по ред, по вечерното отворање на Gamescom на 27-ми август.

Е-спорт тимот на Ford на 5-ти август годинава го започна турнирот Fordzilla, чијшто победник ќе потпише професионален договор со Ford. Во турнирот учествуваат играчки и играчи над 16 години. Со долга историја во мотоспортот, Ford уште лани се приклучи во светот на виртуелните трки и оттогаш настапува на интернационалните онлајн-трки со сопствени тимови. Тимот Fordzilla го сочинуваат 40 талентирани играчи од Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Тимот Fordzilla, во неодамна започнатата лига V 10-R, ќе настапува против други реномирани тимови. Повеќе информации се достапни на твитер (@TeamFordzilla), инстаграм (@teamfordzilla) и на твич (Twitch.tv/TeamFordzilla).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes за постарите модели нуди адаптер за врска со мобилен

Mercedes за постарите модели нуди адаптер за врска со мобилен

На кинескиот електро-специјалист Nio му се брза за Европа

На кинескиот електро-специјалист Nio му се брза за Европа