за

Mercedes за постарите модели нуди адаптер за врска со мобилен

Mercedes испорача над половина милион адаптери што овозможуваат поврзување со мобилен телефон за автомобилите што се произведени од 2002 година наваму.

Mercedes за постарите модели нуди адаптер за врска со мобилен

Повеќе од половина милион постари автомобили на Mercedes на 33 пазари ширум светот користат адаптер за поврзување на возилото со паметен телефон. Адаптерот е во понуда од 2016 година, а се вградува во модели што се произведени најдоцна во 2002 година.

Mercedes-Benz во 2016 година им понуди на возачите на постари модели можност да ги користат услугите на конективноста, односно преку адаптер „Mercedes me“ да го поврзат возилото со паметен телефон. Можноста за отпосле да се додаде оваа функција е можна за сите модели на Mercedes што се произведени најдоцна во 2002 година. Адаптерот досега е вграден во повеќе од половина милион возила. Јубилејниот 500-илјадити адаптер е вграден во автомобил во Малезија.

Автомобили на Mercedes во 33 држави во Европа и во Азија и Пацификот користат адаптер за паметен телефон. Годинава се приклучуваат уште три држави – Естонија, Литванија и Кипар. Од август годинава, клиентите можат адаптерот да го вградат самостојно, без потреба да се посети овластена сервисна работилница на Mercedes-Benz.

Податоците од возилото се вчитуваат во телефонот, а се добиваат и корисни услуги

Апликацијата преку блутут ги чита податоците од возилото. Корисникот има пристап до четири категории на услуги: Возило, мобилност, статистики и сервис. Меѓу најчесто користените услуги е барање најблиска станица за гориво или паркинг. Оваа услуга се повикува 150.000 пати на неделно ниво. Во возилото се прикажуваат најблиските станици, цените на горивата и времето на работа, исто како и слободните паркиралишта и цената на паркирање.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште една корисна функција е теледијагноза. При пречки во возилото, корисникот добива соодветна порака. Може да станува збор за прениско ниво на моторно масло, преслаб напон на акумулаторот или слаб притисок во гумите. Сите овие информации се добиваат на телефонот. Преку апликацијата може да се договори и сервисирање или да се стапи во контакт со сервисот преку телефон или е-пошта 24 часа во денот.

Во таканаречениот кокпит се добиваат информации за резервата од гориво, за температурата на маслото или течноста за ладење, за оптоварувањето на моторот и за температурата на воздухот што се вшмукува во моторот. Постои и анализа на стилот на возење, преку Driver Score.

>>> Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG наскоро во производство

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volta е прв електро-камион наменет за достава на пакети

Volta е прв електро-камион посебно наменет за достава на пакети

Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери

Ford ќе прикаже виртуелен тркачки автомобил развиен од гејмери