за

Ford пребукиран со нарачки за новиот Mustang

ford mustang 500

Ford го направи вистинскиот потег со решението да го продава новиот Mustang во Европа. За првите 500 примероци од моделот се пријавија 9.300 заинтересирани купувачи за време на финалето на Лигата на шампиони.

Повеќе од 9.300 потенцијални купувачи се пријавија да резервираат примерок од специјалната воведна серија на Ford Mustang за време на минатонеделното финале на Лигата на шампиони. Како нов спонзор на најголемиот клупски шампионат во Европа, Ford им понуди можност на заинтересираните купувачи да се регистрираат преку интернет за еден од 500-те примероци од првата серија на Mustang наменети за европскиот пазар. Петстотини резрвации без постигнати по само половина минута откако судијата го означи почетокот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Ford Mustang за прв пат ќе се најде во овластените салони на марката во Европа. Испораката на 500-те примероци од специјалната серија ќе почне в година, во 20 европски земји.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина повлекува 6 милиони возила поради загаденоста на воздухот

Giulietta продолжува да освојува награди за дизајн