Кина повлекува 6 милиони возила поради загаденоста на воздухот

Поради постојаното надминување на критичната загаденост на воздухот во големите градови, кинеската влада до крајот на годинава ќе ги повлече старите возила од сообраќај.

Кина најави дека до крајот на годинава ќе повлече околу 6 милиони возила од сообраќај поради преголемото загадување на воздухот што тие го предизвикуваат во големите градови. За следната година се предвидува дополнителни 5 милиони возила да ги напуштат улиците. Само 3 од 74 градови во Кина лани имале загаденост на воздухот под критичното ниво. Жителите на Пекинг речиси секојдневно се соочуваат со превисока концентрација на штетни материи во воздухот. Според владините процени, автомобилите предизвикуваат две третини од емисијата на неразградливи ситни честички во воздухот во Пекинг.

Редуцирањето на возниот парк ќе ги опфати прво автобусите и камионите. На кинеските патишта има вкупно 137 милиони возила и нивната бројка се зголемува секојдневно, имајќи во предвид дека пазарот на автомобили во Кина има најголем раст на глобално ниво.

Претходна објаваАвтомобилот-робот на Google ќе го менува светот
Следна објаваFord пребукиран со нарачки за новиот Mustang

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here