за

Giulietta продолжува да освојува награди за дизајн

Компактот на Alfa Romeo доби почесно одликување за дизајн на 23-от „Златен Компас АДИ“,  најпрестижниот и најстар избор од овој вид во Европа.

Асоцијацијата за индустриски дизајн Златен Компас, најстара и најпрестижна манифестација за дизајн во Европа почесно ја одликуваше Alfa Romeo Giulietta на 23-то издание на изборот. Моделот досега има освоено повеќе од 20 награди од претставувањето во повеќе земји, почнувајќи од Италија и Германија, преку Грција и Франција, до Данска и Словенија. Неодамна Giulietta доживеа моделско освежување во кое што беа опфатени помали детали во дизајнот на каросеријата, темелна преработка на внатрешноста и воведување неколку нови мотори. Специјално за македонскиот пазар, Giulietta е достапна по цена од 18.690 евра во популарната верзија со дизел мотор 1.6 JTDM со 105 КС и ниво на опрема Progression.

Манифестацијата „Златен компас АДИ“ е воспоставена уште во 1954 година и моментно се одржува на секои три години. Престижната награда за индустриски дизајн е резултат на идејата на Џио Понти да се одбележат вредноста и квалитетот на производите со италијански дизајн. Во составот на жирито влегуваат експерти, дизајнери, критичари, историчари, специјализирани новинари и членови на АДИ, кои во континуитет ги следат збиднувањата на сцената на дизајнот и ги избираат најдобрите производи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford пребукиран со нарачки за новиот Mustang

Мак Аутостар со повеќе премиери на Саемот за Транспорт