за ,

Ford вози со енергијата од сонцето

На саемот за електроника CES ќе биде претставено концептното возило Ford C-Max Solar Energi коешто ги полни батериите преку соларните плочи на покривот.

Идејата на конструкторите на C-Max Solar Energi Concept е да се обезбеди извор на енергија што ќе биде независен од постоечката инфраструктура. Батериите во хибридниот погон на возилото се полнат преку соларните плочи што се поставени по целата површина на покривот. Техничарите предвидуваат дека во блиска иднина соларната техника ќе достигне ниво на зрелост во кое што ќе биде можно возилата да се движат само со помош на енергијата што ќе се добива преку соларните модули.

Во поглед на досегот и економичноста нема разлика дали батериите се полнат преку приклучок за струја или преку сонцето, што значи дека „соларниот“ автомобил на Ford троши исто колку класичниот хибрид C-Max Energi Plug-in Hybrid. Со полни батерии, како помош на конвенционалниот мотор, концептниот автомобил вози сто километри со 2,2 литри гориво во град, односно со 2,6 литри на автопат. Досегот изнесува 990 километри, од кои 34 може да се поминат само со струјата од батериите. Концептното возило е развиено во соработка со корпорацијата Sunpower од Калифорнија и Институтот за технологија во сојузната американска држава Џорџија.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Користени возила: Каков избор е серијата 3 на BMW (Е46)

Kia GT4 Stinger сака да се трка со Porsche