за

Fiat Chrysler во загуба 1,7 милијарда евра поради корона-кризата

Fiat Chrysler во загуба 1,7 милијарда евра поради корона-кризата
Fiat Chrysler во загуба 1,7 милијарда евра поради корона-кризата

Fiat Chrysler направи огромна загуба од 1,7 милијарда евра во првиот квартал. Шефот на концернот Мајк Манли се надева дека неодамна подигнатиот кредит во висина од 3,5 милијарди евра ќе помогне во надминувањето на кризата.

Италијанско-американскиот производител Fiat Chrysler Automobiles (FCA) е во голема загуба по првите три месеци од годинава. Под цртата останува загуба во висина од 1,7 милијарда евра. Компанијата со седиште во Лондон, лани сепак успеа да постигне заработка од 619 милиони евра.

Неколку стотици милиони евра се загубени поради намалената вредност на бизнисот, како последица од пандемијата од Ковид-19. Шефот Мајк Манли се надева дека неодамнешното зајакнување на ликвидноста на компанијата ќе помогне да се надмине кризата. На крајот на март, концернот на Fiat и Chrysler располагаше со 18,6 милијарди евра. Во април, на тоа беше додадена уште една кредитна линија во вредност од 3,5 милијарди евра.

Прометот се намали за 16 проценти и се сведе на 20,6 милијарди евра, првенствено поради падот во продажбата во Северна Америка и Азија.

Без непланираните ставки и без камати и даноци, Fiat Chrysler за малку се извлече од запаѓање во оперативна загуба, со 52 милиони евра во плус. Тоа е резултат единствено на пазарите во Северна Америка, кадешто веќе долго време е концентриран бизнисот на итало-американскиот концерн.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот

Ferrari на берза вреди повеќе од General Motors