за

Fiat Chrysler во преговори со PSA Peugeot Citroen

fiat 500

Откако не успеа со Renault, италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler стапи во преговори со PSA. Со нивното спојување би се добил четвртиот најголем производител во светот.

Fiat Chrysler преговара со францускиот концерн PSA за формирање нов гигант на светската автомобилска сцена. Од француското министерство за економија и финансии коментираат дека при успешен исход на преговорите ќе се создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светски рамки.

Преговорите штотуку започнаа, уште не е утврден конечен датум за евентуално склучување на договорот. Според последните статистики, спојувањето на FCA и PSA би резултирало во гигант што ќе произведува околу девет милиони возила годишно. Поголеми се само Toyota, Volkswagen и јапонската алијанса Renault-Nissan, не вклучувајќи го Mitsubishi. Како акционер во PSA, француската влада ги следи преговорите со „големо внимание и транспарентност“.

Ценетиот „Вол Стрит Журнал“ во вторникот објави дека FCA и PSA на берзата би вределе заедно околу 50 милијарди долари. Економскиот дневник спомнува „фузија на рамноправни“. Акциите на Fiat Chrysler и на PSA веднаш пораснаа.

PSA, покрај Opel, ги има уште марките Peugeot, DS и Citroën, додека под Fiat Chrysler спаѓаат марките Alfa Romeo, Chrysler, Dodge, Jeep, Lancia и Maserati

Можното спојување би му обезбедило на PSA влез на северноамериканскиот пазар, кадешто FCA е солидно позициониран со Chrysler, Dodge и Jeep. Пазарните аналитичари го гледаат најголемиот проблем во Fiat во тоа што Италијанците долго време не инвестираа во електричниот погон. Концернот постигнува успех единствено во САД, со големите теренци и пикапи од марките Jeep и Ram. Во Европа важат други правила. Fiat го губи пазарниот удел и одвај се одржува во рамките на профитабилоста.

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Scala

Нов турбо-бензинец со 150 КС за Skoda Scala и Kamiq

автомобили инженеринг

Намалени вработувањата за инженери во Германија во авто-браншата