за

Намалени вработувањата за инженери во Германија во авто-браншата

автомобили инженеринг
автомобили инженеринг

За половина година, бројот на вработувања за инженери кај германските производители на автомобили и добавувачи се намалил за една третина. Опаѓачкиот тренд трае од почетокот на годината.

Бројот на огласи за вработување преку коишто германската автомобилска индустрија бара инженери се намалил за околу 15 проценти во третиот квартал од годинава. Во претходното тромесечје, намалувањето достигнало дури 25 проценти. Индексот за стручни вработувања се намалил од 78 на 66, што е најниско ниво во последните четири години.

Вкупната побарувачка за инженери во Германија се намалила во сите бранши во текот на третиот квартал за 11 бодови. Просекот од сите бранши сепак изнесува 120, што е многу повеќе отколку во почетокот на 2015 година.

Голем пад е регистриран во германската ИТ-бранша, кадешто индексот се намалил од 323 на само 173. Единствена индустрија што е целосно отпорна на секакви осцилации е градежништвото, кадешто побарувачката уште е повисока од просекот во минатата година. Релативно е стабилна и јавната администрација, кадешто има мало намалување во новите вработувања за пет проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat 500

Fiat Chrysler во преговори со PSA Peugeot Citroen

Dodge Ram Pickups SEMA 2019

СЕМА 2019: Пикапи за авантуристи и носталгичари