Fiat размислува за верзија Abarth од новиот 500X

Кросоверот Fiat 500X е основата за Renegade. Тој пак има иста основа со 500L

Италијанците планираат да развијат брза верзија од кросоверот 500X, којашто ќе биде добро освежување откако спортското одделение Abarth од лани остана само со Fiat 500.

Кросоверот Fiat 500X доживеа светска премиера само пред една недела и ќе се појави во продажба во почетокот на следната година. Но, веќе се јавија гласини дека Италијанците планираат да понудат и верзија Abarth од овој модел. Малечкиот кросовер на заедничка основа со Jeep Renegade е совршен за изведување на спортска верзија со знакот на Abarth, имајќи ги во предвид одличните возни својства на 500X, но и можноста за комбинирање со погон на сите тркала.

Најсилната стандардна верзија на 500X за западноевропскиот пазар ќе вози со 1,4-литарски бензинец од генерацијата Multiair II со турбонатполнење и 170 КС, додека од верзијата на Abarth се очекува моќноста да достигне далеку над 200 КС. На тоа секако ќе се надоврзе и соодветно дотерување на подвозјето, за извлекување на максимумот спортски гени од подвозјето на малечкиот кросовер на Fiat.

Претходна објаваSkoda ги објави чешките цени за новата Fabia
Следна објава26 години, 215 држави, 900.000 километри – тоа се вика пат околу светот!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here