за

Fiat за калифорниските сурфери

Италијанците ја изведоа студијата на база на 500L наменета посебно за шампионатите во сурфање во калифорнискиот Хантингтон Бич.

Студијата со име 500L Vans е ишарана во дизајнот на култната марка на спортски обувки Vans. Каросеријата е лакирана во типичниот стил на фирмата: Долната половина е бела, горе е сина, со структура што потсеќа на мустрата на обувките, а покривот е лакиран како шаховска табла. Проширувањата на крилата, страничните прагови и бандажите од 18 инчи прават контраст со мат црната боја.

Црвеното знаме со карактеристичниот знак на Vans се наоѓа на задниот столб и во маската, која пак се повикува на дизајнот на ѓонот на обувките од Vans. Мустрата се среќава и на педалите, на лајсните во вратите и на преградите. Арматурната табла има шарена графика во стил на Vans, исто како и облогите на седиштата. Секако дека на покривот не смее да отсуствува практична корпа со држачи за повеќе сурфинг бордови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вработените во Ford ќе добијат службен iPhone

Само уште 30.000 возила за Volkwagen да ја престигне Toyota