Двата најголеми производители на автомобили во светот ги делат само уште 30.000 возила. Toyotaи Volkswagen уште во првата половина од годинава надминаа петмилионска продукција.
Во моментов продажбата на автомобили во светот ја предводи Toyota со 5,097 милиони возила, додека Volkswagen, не сметајќи ги марките на товарни возила Scania и MAN, постигна 4,97 милиони возила. Ако се додаде продажбата на товарни возила и автобуси, тогаш Германците доаѓаат до 5,066 милиони произведени возила.
Toyota го задржува првото место со 30.000 возила повеќе од Volkswagen, додека General Motors падна на третото место. Во првата половина од годината, Американците продадоа 4,92 милиони возила, што претставува минимален раст од 1,4 процент. Јапонскиот и светски гигант Toyota во истиот период продаде 5,097 милиони возила, односно за 3,8 проценти повеќе од лани. Но, јапонската марка е под сé посилен напад од Германците. Тие во шестте месеци од 2014 година постигнаа пораст во продажбата од 5,9 проценти и во светот продадоа вкупно 4,97 милиони возила, без продажбата на Scania и MAN.
















