Apple не само што ќе ја вградува својата технологија во автомобилите, туку во иднина и ќе ги снабдува вработените во големите фирми со iPhone. За почеток, околу 9.000 вработени во Ford ќе добијат службен iPhone.
Apple има нов предизвик, да ги освои големите светски компании како клиенти. Околу 3.300 вработени во Ford ќе добијат iPhone, во замена за досегашните Blackberry. Во следните две години уште 6.000 вработени во американскиот производител на автомобили ќе добијат замена на нивните мобилни телефони со iPhone. Ford неодамна распиша и конкурс за вработување на експерт што ќе раководи со глобално воведување на iPhone во фирмата. Концернот Ford глобално вработува преку 180.000 лица. Apple неодамна започна соработка со концернот IBM, којашто исто така има за цел да ги снабди неговите вработени со паметни телефони и таблети.
















