Fiat за калифорниските сурфери

Италијанците ја изведоа студијата на база на 500L наменета посебно за шампионатите во сурфање во калифорнискиот Хантингтон Бич.

Студијата со име 500L Vans е ишарана во дизајнот на култната марка на спортски обувки Vans. Каросеријата е лакирана во типичниот стил на фирмата: Долната половина е бела, горе е сина, со структура што потсеќа на мустрата на обувките, а покривот е лакиран како шаховска табла. Проширувањата на крилата, страничните прагови и бандажите од 18 инчи прават контраст со мат црната боја.

Црвеното знаме со карактеристичниот знак на Vans се наоѓа на задниот столб и во маската, која пак се повикува на дизајнот на ѓонот на обувките од Vans. Мустрата се среќава и на педалите, на лајсните во вратите и на преградите. Арматурната табла има шарена графика во стил на Vans, исто како и облогите на седиштата. Секако дека на покривот не смее да отсуствува практична корпа со држачи за повеќе сурфинг бордови.

Претходна објаваВработените во Ford ќе добијат службен iPhone
Следна објаваСамо уште 30.000 возила за Volkwagen да ја престигне Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here