за

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс прославува 15 години постоење

Овој месец, Еуроимпекс одбележува 15 години постоење на лимаро-фарбарскиот центар.

Од почетокот на работењето на лимаро-фарбарскиот центар до денес, професионалците во тимот се имаат погрижено за преку 12.000 возила. Сега откако Еуроимпекс е генерален увозник ѝ за брендот Opel, се очекува бројот на задоволни клиенти да биде мултиплициран.

„Навистина импресивно и по малку носталгично звучат 15 години. Паметам кога го донесовме првото возило во работилницата и кога возбудата беше многу голема. Денес сме авторизиран лимаро-фарбарски центар за два реномирани автомобилски бренда, кои компанијата Еуроимпекс ги застапува Peugeot и Opel. Нашиот тим го сочинуваат 10 лица, врвни професионалци. Опремени сме со најсовремена технологија потребна за функционирање на еден врвен лимаро-фарбарски центар. Користиме авторепаратурни материјали од светски брендови, најнова опрема и секако оргинални резервни делови, кои подлежат под гаранција од принципалот Stellantis. Тоа се многу значајни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти,“ изјави менаџерот на лимаро-фарбарскиот сектор Александар Арнаудовски.

Долгогодишното искуство и постојаното вложување во практични и теоретски обуки на тимот, како и активното следење на трендовите и користењето на најнова опрема за мерење и поправка на геометријата на возилата, користењето на најнови материјали согласно ЕУ регулативите, не остава простор за сомнеж дека работењето беспрекорно ќе се преточи и кон германскиот бренд Opel.

„Лимарискиот центар на Еуроимпекс, го сочинуваат тим на професионалци на кои сме особено горди. Функцијата на тимот е високо сензитивна, најчесто се работи со клиенти кои имале немил настан или биле сведоци на истиот. Нам пред сѐ ни е од голема важност да помогнеме во сите ситуации каде тоа е можно и да градиме односи на доверба. Обрнуваме посебно внимание на односот со нашите клиенти, а потоа возилото да го доведеме во беспрекорна состојба, како што било и претходно.“ изјави Извршниот директор на Еуроимпекс, Зоран Серафимовски.

New item by Automedia MK / Google Photos

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, ги понудува следниве услуги:

  • авторепаратурна поправка на возила,
  • ситни козметички корекции на каросеријата,
  • поправка-Репарација на ветробрански стакла,
  • полирање на предни фарови и задни штопови на возила,
  • комплетно полирање на цело возило со адекватна заштита и други услуги.

Во моментов лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, за двата брендови Peugeot и Opel се наоѓа во просториите на Бул.Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје, во сервисниот центар Peugeot.

Еуроимпекс им направи добро утро на електричните автомобили на Peugeot и Opel

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Spectre е најаеродинамичниот Rolls-Royce во историјата

Fiat во Полска произведе 12,5 милиони возила