за

Fiat во Полска произведе 12,5 милиони возила

Фабриката на Stellantis во полски Тихи го одбележа производството на 12,5-милионитиот автомобил. Таму наскоро стартува и новиот Jeep Avenger.

Од производствените ленти во фабриката на Stellantis во Тихи, Полска, се симна 12.500.000-от автомобил. Славеничкиот автомобил е Fiat 500 Dolcevita лакиран во две бои, со хибриден погон, нарачан од клиент од Белгија.

По традиција, вработените во фабриката во Тихи, при големи достигнувања од овој калибар, ги прославуваат и моделите што се произведени веднаш пред и по јубилејниот автомобил. Возило со број 12.499.999 е елегантна Lancia Ypsilon Hybrid, наменета за италијанскиот пазар, додека првиот автомобил по јубилејот, со број 12.500.001 е спортскиот Abarth 695 Tributo 131 Rally, којшто е нарачан од клиент во Германија.

Поставуваме нови рекорди и тоа е благодарение на нашиот омилен Fiat 500, бидејќи тоа е автомобилот со чиешто производство нашата фабрика достигна одушевувачка бројка од 12,5 милиони возила. Долги години, Fiat 500 е меѓу најомилените возила на Европејците, во овој сегмент на малите градски автомобили. Задоволство ни е што нашиот Fiat 500 и во Полска доминира во продажбата во овој сегмент“, кажува Томаш Гебка, директор на фабриката на Stellantis во Тихи.

Fiat 500 има големо учество во вкупната продукција во фабриката, имајќи предвид дека неговата продажба врви одлично подолго од 15 години. Во моментов, Fiat 500 е лидер во А-сегментот во Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија и на уште 10 европски пазари, додека во Италија и Европа е на второто место, веднаш по Fiat Panda.

Фабриката во Тихи наскоро ќе започне да го произведува новиот Jeep Avenger, прв целосно електричен СУВ-модел на Jeep. Тоа ќе биде и прв електричен автомобил произведен во Полска, од големосериско производство.

Jeep Avenger е само почеток, следат модели на Fiat и Alfa Romeo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс прославува 15 години постоење

Музиката во Mercedes-Benz ќе звучи како на концерт