Автомобилите на Mercedes-Benz ќе бидат први во коишто ќе се слуша 3D-звук со примена на Dolby Atmos од Apple Music. Станува збор за нова и најнапредна техника на репродукција на звук, што прави слушањето музика да биде сосем ново доживување.
Mercedes-Benz потпиша соработка со Apple Music и со Universal Music Group (UMG), којашто ќе го смени начинот на којшто се слуша музика во автомобилите. Идејата за соработката потекна оттаму, што бројни музичари денес бараат, при студиското продуцирање на нивната музика да се земе предвид, како таа ќе звучи во кабината во автомобилите
Соработката се одвива околу интегрирањето на врвниот начин на репродукција на звук Dolby Atmos во најскапите 4D и 3D аудио системи од Burmester, што се вградуваат во Mercedes-Benz. Според најновото истражување, 76 проценти од возачите ставаат значење колку е реален звукот на музиката во нивното возило.
UMG преку новиот аудиостандард им овозможува на музичарите, тие да дадат одобрение за продукцијата на нивната музика, зависно од тоа како таа звучи во автомобилите на Mercedes-Benz. Тоа значи дека се водедува етикета „Approved in a Mercedes-Benz“ којашто ќе важи како „златен стандард за звукот“. UMG планира дури и да отвори студио во Зинделфинген, во седиштето на Mercedes-Benz Group. Студиото ќе се проектира по пример на Capitol Studio C, коешто е едно од референтните студија за Dolby Atmos.
Во Mercedes-Benz, првпат во производ што не носи знак на Apple, се овозможува интегрирање на Spatial Audio со Dolby Atmos од Apple Music. Тоа е своевидна гаранција дека песните што носат етикета на „Approved in a Mercedes Benz“, во возилото ќе се слушаат точно како што сакаат продуцентите или музичарите.
Музика слушаме 961 час годишно. Така покажува светската статистика. Повеќе од 70 проценти од „слушателите“, музика слушаат во својот автомобил. Сличен процент возачи наведува дека не можат да замислат да возат без музика, а два од три возачи велат дека посебно им е важен квалитгетот на звукот.
Аудиосистемот Burmester Premium 3D-Soundsystem веќе нуди музичко доживување од врвна категорија. Сега има квалитет и над тоа ниво, со Burmester High-End 4D-Soundsystem, којшто дополнително користи резонатори слични на звучник, коишто прават еден вид „звучна масажа“, како и просторни звучници што се вградени во седиштата.
Во составот на Burmester® High-End 4D-Soundsystem влегуваат:
- 31 звучник, од кои 6 се 3D-звучници, што звукот го репродуцираат озгора, 4 звучници во предните седишта во висина на ушите, еден 18,5-литарски Subwoofer
- 8 Exciter, по две на седиште
- 2 засилувачи
- 1750 Watt моќност
Со договорот со Mercedes, авто-бизнисот на Qualcomm вреди 34 млрд. $