за

Со договорот со Mercedes, авто-бизнисот на Qualcomm вреди 34 млрд. $

Mercedes се придружува на марките што ќе ги користат платформите Spandragon на Qualcomm за инфо-забавните и телематските системи во своите возила.

Тоа досега го направија концернот Stellantis со своите марки околу Peugeot и Fiat, како и Kia и Hyundai, Renault, Volvo, BMW и VW, а сега им се приклучува Mercedes-Benz Cars Group.

Mercedes-Benz ќе ја користи дигиталната шасија Snapdragon на Qualcomm во своите идни модели. Оваа компјутерска платформа ќе се користи како основа за дигиталните кокпити и за системите за телематика. Големата вест денес ја соопштија од Qualcomm.

Зделките што компанијата ги има потпишано со производителите на автомобили, за користење на платформата Snapdragon, достигнуваат вкупна вредност од 30 милијарди долари. Тоа го сооошти извршниот директор на Qualcomm, Кристијано Амон. Оваа импозантна сума покажува колку вредеа сите напори, што компаниите од ИТ-индустријата ги вложија, со цел да бидат присутни директно во автомобилската бранша.

Snapdragon Digital Chassis е целина од отворени скалести платформи, наменети за користење за конективност, дигитален кокпит и напредни системи за асистенција.

Нашата технолошка соработка ќе ги трансформира возилата на Mercedes-Benz, коишто ние ќе ги снабдуваме со ненадминати искуства во процесирањето, перформансите, вештачката интелигенција и безбедноста, обезбедувајќи премиум решенија за нивната следна генерација автомобили,“ изјави Накул Дугал, шефот на автомобилскиот огранок на Qualcomm.

Mercedes е најновата марка што ќе ги користи платформите Snapdragon на Qualcomm во своите возила, придружувајќи им се на концернот Stellantis, на Kia и Hyundai, Renault, Volvo, BMW и Volkswagen Group. Qualcomm вложуваше во своите автомобилски решенија во изминатите години, со проширувањето на Snapdragon и со преземањето на софтверскиот пакет Arriver на технолошката компанија Veoneer, вреден 4,5 милијарди долари.

Според техно-гигантот, користењето на платформата за кокпит Snapdragon во возилата на Mercedes-Benz ќе донесе понапредно ниво на виртуелни помошни системи во кабината, ултра-брзо поврзување и брзо време на мрежен одговор, што е неопходно за напредните системи за асистенција.

Qualcomm соопштува за зделката со Mercedes, по само неколку денови откако соперничката Nvidia го прикажа својот најнов компјутер со високи перформанси, наменет за користење во автомобили.

Во посебно соопштение, Qualcomm објавува дека започнал соработка со Red Hat, за оперативни системи базирани на Linux да се користат во следната генерација возила со Snapdragon Digital Chassis.

Производителите на автомобили ќе добијат „поедноставно и поефикасно обновување на софтверот во возилата“, ќе се забрза воведувањето нови дигитални услуги и ќе се унапреди конективноста. Комбинирањето на платформата Snapdragon со оперативниот систем на Red Hat, според Qualcomm, ќе им овозможи на производителите да „постигнат повисоко ниво на сајбер безбедност“ и да издаваат приватни серфтификати.

Qualcomm планира да понуди верзии од своите платформи Snapdragon за дигитален кокпит и за системи за асистенција, со оперативен систем на Red Hat, веќе во втората половина од 2023 година.

Nvidia има компјутер за автомобили што врши 254 трилиони операции во секунда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

електрични автомобили продажба

На Кина не ѝ се допаѓаат условите за субвенции за е-возила во САД

Toyota одбележува 50 години производство во Северна Америка