за

Toyota одбележува 50 години производство во Северна Америка

Фабриката за автомобили на Toyota во Калифорнија прославува златна годишнина и донира 200.000 долари за заедницата.

Во 1972 година, Toyota започна со реализација на инвестицијата во својата прва фабрика во Северна Америка. Фабриката во Лонг Бич Калифорнија денес прославува 50 години следење на патот, што доведе Toyota да стане златен стандард во напредното производство на автомобили.

Калифорниската фабрика на Toyota денес е главен добавувач на делови за серијата пикапи Tacoma и произведува резервни каросериски панели за сите модели на Toyota што се произведувале и се произведуваат во Северна Америка.

„Во изминатите 50 години, тимот на TABC одигра важна улога во успехот на компанијата, испорачувајќи делови и компоненти за нашите возила“ изјави Крис Нилсен, заменик извршен директор за резервни делови и шеф за квалитет во Toyota North America.

Како дел од прославата на годишнината, Toyota ќе им донира 200.000 долари на седум локални организации, меѓу кои Американскиот Црвен Крст, Калифорниски државен универзитет на Лонг Бич, Boys and Girls Club of Long Beach, стопанска комора на Лонг Бич, Children Today. Покрај паричната донација, две возила Toyota им се подарени на историскиот комплекс Rancho Los Alamitos и на социјалниот центар Long Beach Ronald McDonald House.

TABC, првично под името Atlas Fabricators, потпиша договор со Toyota во 1972 година, за монтажа на товарни плаформи на пикапите наменети за САД. По две години, Toyota ја презеде компанијата и ја преименуваше во “TABC, Inc.,” со што таа стана прва инвестиција на Toyota во производство на возила во САД.

Во март годинава беа вложени 27 милиони долари во проширување на производствените капацитети. Денес фабриката вработува 350 лица и претставува инвестиција вредна 485 милиони долари.

Toyota продолжува со проширување на своето присуство во Северна Америка. Компанијата денес директно вработува 48.000 лица, а во сите капацитети во Северна Америка досега се вложени вкупно 40,78 милијарди долари. Најновата фабрика, Toyota Battery Manufacturing North Carolina, предвидено е да започне со производство на литиум-јон батерии за хибридни и приклучни хибридни автомобили во почетокот на 2025 година.

Два модела од американско производство веќе се во редовната понуда на Toyota во Европа, тестови на Highlander и Camry

Тест: Toyota Highlander 2.5 Hybrid Luxury Premium

Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Со договорот со Mercedes, авто-бизнисот на Qualcomm вреди 34 млрд. $

Историски модели на Fiat, Lancia, Abarth добија цела фабричка хала во Торино