за

Историски модели на Fiat, Lancia, Abarth добија цела фабричка хала во Торино

Торино доби уште една атракција за своите три автомобилски марки Fiat, Lancia и Abarth. Во хала од 15.000 метри квадратни се изложени стотици историски модели на трите марки.

Просторот се нарекува Heritage Hub и со името ниту оддалеку не навестува дека станува збор за една од најважните изложби на автомобили. Нормално дека Италијанците не го гледаат Heritage Hub како автомобилски музеј, затоа што овој спектакл и реално е над тоа што сцената досега го познава како музеј за автомобили.

Во фабричкиот комплекс Мирафиори во Торино е сместен Heritage Hub, изложба што е осмислена со намера да ја раскаже приказната за трите големи автомобилски марки од градот: Fiat, Lancia и Abarth. Оваа единствена изложба е отворена за публика и претставува можност преку повеќе од 250 историски автомобили од трите марки да се почувстува духот на времето кога тие автомобили излегувале нови од фабрика. Има и неколку важни стари модели на Alfa Romeo, Autobianchi и Jeep.

За овој историски момент на трите торински марки да стане реалност, се погрижија одделението за историски возила на Stellantis, Општина Торино и Нациионалниот музеј на автомобили (Museo Nazionale dell’Automobile). Во халата се пристапува преку Порта 31 во индустрискиот комплекс Мирафиори, лоциран на Виа Плава 80, Торино.

Секој ден ќе се организираат по две тури со водич, една наутро, другата попладне, во траење од по два часа. Халата е отворена во среда, петок и сабота.

Оваа хала, поранешна Офичина 81 во Мирафиори, пред повеќе од 30 години била место на коешто доаѓале на работа вработените во Fiat. Тука главно се изработувале механички компоненти, односно менувачи. Просторот денес е темелно реновиран, со задржување на оригиналниот изглед. Освен „изложбената“ хала, просторот опфаќа и канцеларии на историското одделение на Stellantis.

Средишното место им припаѓа на 64 историски автомобили, коишто се поделени на осум тематски подрачја:

  • Records and Races
  • Concepts and Fuoriserie – мошне ретки возила и уникати
  • Archistars – возила што вовеле револуција во автомобилската архитектура
  • Eco and Sustainable
  • Small and Safe
  • Style Marks
  • Epic Journeys
  • The Rally Era.

Врска до веб-страницата на Heritage Hub

https://www.fcaheritage.com/en-uk/heritage/places/heritage-hub

 

Првиот автомобил што победи на Монца пред 100 години е Fiat

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota одбележува 50 години производство во Северна Америка

Webasto производство батерии

Кинески CATL сака да гради трета фабрика за батерии во Европа