за

Кинески CATL сака да гради трета фабрика за батерии во Европа

Кинескиот производител на батерии CATL разгледува можност за изградба на трета фабрика во Европа, меѓутоа се соочува со енергетската криза.

Webasto производство батерии

Најголемиот производител на батерии за електрични возила, кинескиот Contemporary Amperex Technology Co. Ltd., размислува за изградба на трета фабрика во Европа. Тоа го изјави претседателот на компанијата за регионот, Матиас Центграф.

„Размислуваме за тоа, меѓутоа во моментов уште нема јасна одлука или активност“, изјави Центраф во интервју за Блумберг Њуз, посочувајќи дека во компанијата веќе се разговара на таа тема.

Компанијата во минатиот месец најави изградба на втора фабрика во Европа, којашто ќе се гради во Унгарија. За таа цел се вложени 7,3 милијарди евра, во соработка со Mercedes-Benz.

Фабриката има планиран капацитет од 100 гигаватчасови и ќе ги снабдува уште Volkswagen Group, BMW и Stellantis. Почетокот на работата на фабриката се очекува за пет години.

„Нема да градиме трета фабрика, доколку процениме дека нема толкава побарувачка на пазарот“, изјави Центграф во видео разговор од конференција во рамките на салонот за товарни возила ИАА во Хановер, Германија.

CATL го задржа водството пред соперниците, вклучувајќи го вториот најголем производител на батерисќи ќелии во светот, LG Energy Solution.

Компанијата се поврати од најголемиот пад во кварталната заработка во почетокот на 2022 година и прометот во првата половина порасна за 82 проценти во споредба со истиот период лани, додека добивката се зголеми за 156 проценти.

CATL располага со неколку производствени бази во Кина и подружници во САД, Јапонија и Европа. Во два проекти за производство на батерии во кинеските провинции Шандонг и Фуџиан, компанијата вложува близу 4 милијарди долари.

Центграф не даде одговор на прашањето дали CATL ќе испорачува батерии за новата фабрика на Tesla во Берлин.

Кинески производител на батерии гради фабрика во Германија
Кинески производител на батерии гради фабрика во Германија

Производителот на батерии разгледува и локации во Мексико и САД, за снабдување на Tesla, Ford и останатите компании, иако тој процес доцни, во дел поради политичките тензии меѓу Кина и САД.

CATL до завршетокот на годинава ќе започне да произведува батерии во својата прва европска фабрика, којашто се наоѓа во германскиот град Ерфурт, во централното подрачје на земјата. Голем предизвик е енергетската криза со којашто се соочува континентот, додека во исто време растат цените на гасот, по нападот на Русија врз Украина. Пред војната, повеќе од половина од увозот на гас во Германија пристигаше од Русија.

„Кусокот од природен гас ни влијае врз работата, затоа што тој е мошне важен за производството на батериски ќелии, поради потребата од многу енергија“, изјави Центраф. Гасот учествува со околу половина во потребите од енергија на германските фабрики.

Литиумот за батерии за електрични автомобили поскапел за 640% за една година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски модели на Fiat, Lancia, Abarth добија цела фабричка хала во Торино

VW може да го пресели производството од Германија поради гасот