за

VW може да го пресели производството од Германија поради гасот

Можно е Volkswagen да го пресели производството на своите модели од Германија во други држави, во коишто е подобро снабдувањето со гас.

Volkswagen Group разгледува можности за производството да се пресели од Германија во Источна Европа, доколку продолжи кризата околу природниот гас. Тоа е само уште еден доказ, дека енергетската криза што е поттикната од инвазијата на Русија врз Украина, се заканува да ја промени индустриската слика во Европа.

Од раководството на германскиот концерн изјавуваат дека преселбата на производството е една од опциите што стојат на располагање во среден рок, доколку кусокот од гас продолжи по зимата.

Освен во Германија, VW располага со големи фабрики во Чешка и Словачка, коишто се меѓу европските држави со најголема зависност од рускиот гас. „Во среден рок, се посветуваме на поголема локализација, релокација на производствените капацитети или технички алтернативи. Слична практика веќе се применува за надминување на предизвиците од недостигот од полупроводници и од останатите попречувања на синџирот за набавки“, изјави Генг Ву од Volkswagen Consulting, сосптвената консултантска куќа на концернот.

Југоисточна Европа или крајбрежјето на северна Европа, каде што има подобар пристап до испораката на втечнет природен гас, можно е да профитираат од преселувањето на производството.

VW има фабрики за автомобили во Поргугалија, Шпанија и Белгија, држави во коишто се наоѓаат терминали за LNG.

Концернот може да го одржи производството во следните 5 до 6 месеци, доколку Германија продолжи да ги полни своите гасни резерви. Меѓутоа, растечките цени на гасот и нестабилноста во синџирот за набавки, претставуваат ризици за светското производство.

Добавувачите за концернот, коишто работат во бранши што се масивни потрошувачи на енергија, како што е производсвото на стакло и хемикалии, нема да можат уште долго да ги издржат поскапвуањата на гасот и на струјата, предупредуваат од VW.

Иако повеќето делови се произведени во Европа и се користат во европските фабрики, постои и извесен дел што пристига однадвор. Само еден дел што недостига, може да го доведе производството во мирување. Тоа го покажа кризата со полупроводници во последниве неколку години.

Volkswagen ќе продава гас, заработка 400 милиони евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto производство батерии

Кинески CATL сака да гради трета фабрика за батерии во Европа

Alfa Romeo Giulia за италијанската полиција