за

Alfa Romeo Giulia за италијанската полиција

Најновото поглавје од соработката меѓу Alfa Romeo и италијанската полиција ја става во служба Alfa Romeo Giulia во сина-бела боја.

Спортската лимузина со лута змија во логото ќе вози во служба на одржување на јавниот ред и мир и ќе обезбедува контрола на територијата на сите италијански провинции.

До завршетокот на годината, во службениот парк на италијанската полиција ќе пристигнат 450 возила Alfa Romeo, што ќе им се придружат на „пантерите“, коишто ја испишаа историјата на италијанската полиција и прераснаа во обележје на Италија.

Новата Alfa Romeo Giulia користи 2,0-литарски бензинец со турбонатполнење, во комбинација со 8-степен автоматски менувач и погон назад. Технолошки напредна и со единствениот спортски стил на својата марка, Giulia ќе гарантира уште повисоки безбедносни стадарди во градовите.

Историјата на Alfa Romeo во служба на италијанската полиција

Полицијата користи автомобили Alfa Romeo подолго од седумдесет години. Првата „пантера“ беше Alfa Romeo 1900 во 1952 година. Со мотор со 100 КС, таа располагаше и со сила и со издржливост. Од 1955 година, улогата ја презеде спортската Giulietta T.I., а по неа следеше Giulia со мотор од 1600 сантиметри кубни, со моќност од 92 КС. Препознатливата сиво-зелена боја на тие автомобили прерасна во заштитен знак на Италија, појавувајќи се во бројни полициски филмови од тоа време.

Во 1960-те години, на полициските пантери под знакот на Alfa Romeo им се придружија и купе-модели. Меѓу тие модели е 2600 Sprint со каросерија од Bertone, но имаше и ванови, како Romeo II. Уште бројни модели работеа во служба на полицијата и на народот: Alfetta, новата Giulietta, Alfasud, по него „33“ којашто ја воведе тековната бела-сина шема, па Alfa 90, Alfa 75, 155, 156, 159 во лимузинска и Sportwagon-верзија, преку Giulietta, до денешната Giulia.

Тест · Alfa Romeo Tonale 1.5 Hybrid Speciale · Секое време има своја Alfa

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VW може да го пресели производството од Германија поради гасот

Mercedes произведува залихи од делови за случај на рестрикција на гас