за

Mercedes произведува залихи од делови за случај на рестрикција на гас

Mercedes-Benz произведува дополнителни количини делови за автомобили, за случај Германија да воведе рестрикции за гориво.

За производството да се одржи уште неколку недели, во случај Германија да воведе драстични рестрикции за гориво, Mercedes-Benz прави дополнителни залихи од деловите што ги произвeдува со користење природен гас.

Во ливниците на Mercedes-Benz во Унтертиркхајм се изработуваат дополнителни количини делови, коишто се неопходни за менувачи, оски и компоненти од трансмисијата. Овие количини потоа се испорачуваат за фабриките во САД и Кина, како резерва што ќе стои на располагање за вградување во возилата што се произведуваат во тамошните фабрики.

Со овој чекор, производителот од Штутгарт ќе им овозможи на своите фабрики во Алабама и Пекинг да го задржат производството, дури и во случај на недостиг од природен гас во Германија, што би предизвикало запирање на фабриките во Германија. Тоа го објаснува шефот на производството во Mercedes-Benz, Јерг Бурцер.

Не знаеме што точно ќе се случува, многу зависи од температурите во текот на зимата“, изјави Бурцер во интервју. „Ги зголемивме нашите залихи за фабриките во Кина и САД.“

Германските производители се во трка да се подготват за можната рестрикција на гас, затоа што властите во земјата сакаат прво да осигураат енергија за домаќинствата и основните индустриски гранки, за нив да ги заштитат од можниот недостиг од гас

Откако Русија го запре дотокот на гас, како одговор на санкциите и европската поддршка за Украина, енергетските компании на континентот презедоа чекори да ги наполнат резервоарите за гас и да најдат алтернативно снабдување пред зимата.

Загриженоста за остри санкции попушти во изминативе неколку денови, откако резервите од гас во Германија надминаа 90 проценти од капацитетот. Земјата е најголем зависник од руски гас во Европа и планира зделки со Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за испорака на гас и водород.

Покрај неизвесното снабдување, индустријата се соочува и со драстично поскапување на влезните трошоци, коишто ќе ги предизвика енормниот раст на цените на енергијата. Цените на енергијата пораснаа за рекордни 46 проценти во август. Тоа предизвикува загриженост, дали земјата ќе може да ја задржи конкурентноста.

Бурцер изјави дека Mercedes-Benz веќе има скусено 10 проценти од количините гас што ги користи и по потреба може да ја преполови потрошувачката. Во критична ситуација, компанијата треба да одржи најмалку 10 проценти од редовната потреба од гас, за да функционира нормално, објаснува Бурцер. Во тој случај, голем дел од гасот ќе се замени со фосилни горива.

VW може да го пресели производството од Германија поради гасот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa Romeo Giulia за италијанската полиција

Генерациите се менуваат, благородништвото останува: Пречекан новиот Range Rover Sport